Орбан ги нарече критичарите на ЕПП „корисни идиоти”

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ги нарече членовите на Европската народна партија (ЕПП), кои бараат исклучување на неговата партија Фидес од ЕПП, „корисни идиоти” и додаде дека нивните напори им користат само на интересите на левицата.

-Не го разбира тоа сите, но во академската литература Ленин ги нарече „корисни идиоти “. Иако мислат дека водат интелектуална борба, тие, всушност, им служат на интересите на нашите противници, рече Орбан, за германскиот весник „Велт ам Зонтаг“.

Тој оцени дека нападите доаѓаат „од левата страна”, со цел да се ослабне ЕПП.

-Кога веќе нема да сме тука, на ред ќе дојдат Италијанците, а потоа и Австријците. Ова се нарекува „тактика салама“, рече Орбан.

Коментарите на Орбан уследија откако неколку партии, кои припаѓаат на Европската народна партија во Европскиот парламент, почнаа да лобираат да се суспендира унгарската партија Фидес или да се исклучи поради зголемената антисемитска и антиевропска реторика, пишува „Политико“, наведувајќи дека Фидес пред две недела почна кампања со постери со антисемитски тонови, а кои се однесуваат на финансиерот Џорџ Сорос и претседател на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.

Кампањата, во која се сугерира дека ЕУ е премногу блага кон миграцијата, налути многу, вклучувајќи го и Манфред Вебер, водечкиот кандидат на ЕПП за претстојните избори и фаворит за нов претседател на Европската комисија, кој го повика Орбан да се извини за кампањата.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија

(ВИДЕО) Легендарниот Унгарец колабираше и почна да се тресе – натпреварот од Лигата на нации веднаш беше прекинат

Горан Наумовски

Орбан: САД предводени од Трамп ќе ја напуштат војната во Украина

Орбан: Полската влада беше инсталирана од ЕУ, истото сценарио сега функционира и во Унгарија

Виктор Орбан: Европската Унија се обидува да ја собори владата во Унгарија и да инсталира марионетска влада

Горан Наумовски

Средба Николоски – Лазар, тема брза пруга на Коридор 10 и квалитетно поврзување на Скопје со Будимпешта