ЦК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ: Власта ја води државата во погрешна насока

Од:

На денешната редовна седница на Централниот комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, која имаше прилика да се претстави пред ЦК, кој изрази недвосмислена поддршка за истата.

ЦК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ констатираше дека власта ја води државата во погрешна насока, политиките се катастрофални и дополнително ја влошуваат состојбата на младите.

– Иселувањето ветуваа дека не само што ќе го запрат, туку и ќе почнат да ги враќаат младите во државата, сега не само што не е запрено, туку дополнително младите се повеќе се иселуваат.

Додека младите забрзано се иселуваат, власта ги полни институциите со децата на функционерите, кои од парите на граѓаните земаат високи плати, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

ЦК на УМС на ВМРО ДПМНЕ го осудува прогонот врз младите и сите неистомисленици. Пред ЦК беше презентирано дека на меѓународен план, собранието на младината на ЕПП изгласа резолуција во која се осудува политичкиот прогон во државата.

– Младите јасно стојат зад политиките на ВМРО-ДПМНЕ и во неа гледаат единствен спас од оваа бесперспективност. ЦК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите млади во државата кои знаат во кој правец треба да се движи државата, кои сакаат просперитет и иднина тука, да ни се приклучат и заедно да го поразиме СДСМ прво на претседателски избори, а потоа и на предвремени парламентарни избори, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски