ВМРО-ДПМНЕ: Кандидатот за претседател од СДСМ е бледа копија на Заев

Од:

„Стево Пендаровски е докажан губитник кој повторно ќе биде поразен. Пендаровски знае дека не поминува кај граѓаните и дека е само жртвено јагне на Зоран Заев и СДСМ.

Денес не бираа делегатите на СДСМ, денес само кренаа рака по нарачка на Заев и Али Ахмети. Зоран Заев денес на деспотски начин со претходно наметнат кандидат за претседател од меѓупартиски договор фингираше изборна конвенција.

СДСМ невешто одглуми демократија, а всушност на најдеспотски начин им беше ставен на тацна Стево Пендаровски.

Кандидатот за претседател на државата од СДСМ е само бледа копија на Заев – слеп послушник кој работи на штета на Република Македонија.

Глас за Пендаровски е глас за Заев, глас за нови кршења на Уставот и девалвирање на државноста.

Граѓаните видоа што направи со Република Македонија еден Заев, дополнително полошо ќе биде со двајца политичари од ист калибар.

Зоран Заев две години ја држи Република Македонија под длабок мраз, со заробено судство, економија која тоне, загадена животна средина, девалвиран образовен и здравствен систем, нарушена безбедност и најлошо од се, безперспективност.

Власта две години нанесе само порази. Државата не смее да тоне, државата мора да оди напред. СДСМ, Зоран Заев и Стево Пендаровски мора да изгубат за Македонија да тргне напред“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на обраќањето на Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски не се откажува од изборен грабеж, гласањето по пошта е само новиот обид за манипулација

(ВИДЕО) Костадиновска Стојчевска: Законот за македонскиот јазик две години не се спроведува, по иницијатива на СДСМ конечно започна надзорна расправа

Горан Наумовски

СДСМ: Народот едвај преживува, Владата нема одговор на растот на цените

Горан Наумовски

Петровска: Моето учество во Разговорите за Македонија не е против СДСМ

За СДСМ и гласањето по пошта е можност за кражба, за Левица дијаспората е „промашена тема“

(ВИДЕО) Изборната реформа заглавена во политички ровови: Мицкоски повикува на повлекување на амандманите, СДСМ и Левица не отстапуваат