Вечерва кандидатот за претседател на Република Македонија, Гордана Силјановска Давкова се сретна со граѓаните од Општина Пехчево каде што говореше за се позачестеното иселување на младите и нивната причина за иселување.
За миграцијата и образованието
Чуму ни е Македонија без деца, ученици, млади луѓе кои иднината ја гледаат во печалба додека овде градовите и селата, нивите и фабриките, улиците и библиотеките се празнат секојдневно. Приоритет е да го вратиме владеењето на правото, довербата во институциите, урнисани од власта и да ја запреме миграцијата
Posted by Проф.д-р Гордана Силјановска Давкова on Сабота, 02 март 2019
„Сите зборуваат како да се спречиме егзодусот на младите каде што нема млади, не се раѓаат бебиња, наталитетот паѓа, иднината ни е под знак прашалник и си велиме што е она што ги тера да бегаат од овде.
Податоците велат дека 58% од анкетираните од младите, сметаат дека основната причина е лошите услови или лошиот живот. Е, сега колку е ова во хармонија со основното мото на партијата на власта и коалиционите партии, нели кои не убедуваа дека основната цел во нивната програма, во нивното дејствување е да го вратат животот во Македонија.
Ако е враќање на животот да ги истерате и оние млади кои би било најдобро за оваа земја да останат овде, бидејќи тие се најработно способните, тие се во најплодната восраст, тие можат да направат демократски промени во Македонија, тогаш голем проблем има со животот во Македонија. Тој како да се преселил или како нашите млади луѓе да влеваат живот во некоја од соседните држави најчесто во Италија.
Втората причина заради која си заминуваат младите од Македонија е некаде над 45% дека одат надвор заради лошото образование“, рече Силјановска Давкова.