СДСМ: Мицкоски како остаток од груевизмот го чека пораз на изборите

Од:

„Траорна атмосфера владее единствено во ВМРО-ДПМНЕ поради силната поддршка од 30 партии од сите етнички заедници, од граѓаните и прогресивните сили за Стево Пендаровски, заеднички кандидат за претседател на сите граѓани.

Мачнина се гледа на ликот на Мицкоски кој се уште зборува „за удари“ со истиот боксерски речник како неговиот ментор и шеф, Никола Груевски.

По Ѓорге Иванов кој наскоро заминува, Христијан Мицкоски е последниот остаток од груевизмот – криминалната матрица што 11 години ги осиромашуваше граѓаните, ја пустошеше економијата, а државата ја турна во изолација и неизвесност.

Затоа, граѓаните на 21 април ќе го поразат Мицкоски и неговиот кандидат за претседател Гордана Силјановска, и ќе стават крај на остатоците од груевизмот, крај на деструктивната матрица што се обидува да ја влече државата назад.

Јасна е разликата, за првпат во историјата, 30 партии од сите етнички заедници застанаа зад еден кандидат. Македонци, Албанци, Срби, Турци, Роми, Власи, Бошњаци и сите останати застанаа зад Стево Пендаровски натпартиски кандидат за претседател на сите граѓани.

Од друга страна, кандидатот на Мицкоски, Силјановска добива поддршка само од оние политички субјекти кои работат против ЕУ и НАТО.

На Северна Македонија и е потребен вистински претседател, кој ќе застане рамо до рамо со прогресивните сили и Владата и посветено ќе работи на процесите што значат напредок, раст и развој, членство во НАТО и интеграција во ЕУ. Тоа е Стево Пендаровски“, се вели во реакцијата на СДСМ на изјавата на Христијан Мицкоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски не се откажува од изборен грабеж, гласањето по пошта е само новиот обид за манипулација

(ВИДЕО) Костадиновска Стојчевска: Законот за македонскиот јазик две години не се спроведува, по иницијатива на СДСМ конечно започна надзорна расправа

Горан Наумовски

СДСМ: Народот едвај преживува, Владата нема одговор на растот на цените

Горан Наумовски

Петровска: Моето учество во Разговорите за Македонија не е против СДСМ

За СДСМ и гласањето по пошта е можност за кражба, за Левица дијаспората е „промашена тема“

(ВИДЕО) Изборната реформа заглавена во политички ровови: Мицкоски повикува на повлекување на амандманите, СДСМ и Левица не отстапуваат