Мексиканските власти ќе уништат околу 486.000 пилиња поради опасност од ширење на вирусот на птичји грип Х7Н3 во централната сојузна држава Гуанахуато, соопшти Би-Би-Си.
Компанијата за производство за пилешко „Бачоко“ во средата пријави опасност од постоење на слуачи на грипот тип Х7Н3 на пет фарми, што министерството за земјоделство вчера го потврди.
Властите преземаа превентивни мерки и проверки на околните фарми за откривање евентуално ширење на грипот.
Минатата година во мексиканската сојузна држава Халиско беа заклани 22 милиони кокошки поради епидемија на птички грип.