„Комунална хигиена“ повикува да се чува чистотата на Скопје

Од:

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје ги повика граѓаните правилно да го оставаат отпадот, да не создаваат диви депонии што ја загадуваат животната средина, да не ги уништуваат садовите наменети за оставање отпад и на тој начин да ја заштитат и зачуваат чистотата на Скопје.

Претпријатието наведува дека иако седум пати во неделата и во три смени негови екипи го собираат и го транспортираат комуналниот отпад од скопските домаќинства и стопанските субјекти и истовремено ја одржуваат хигиената на јавните и сообраќајните површини, ниту една нивна активност не е доволна без поддршка и грижа од самите граѓани.

-И покрај фактот што тоа не е наша примарна обврска, секојдневно расчистуваме диви депонии кои настануваат како резултат на несовесното однесување на граѓаните. Неодамна влеговме и во дворовите на студентските домови и училиштата, каде што расчистивме огромни количества наталожен отпад, со цел хигиената и чистотата во градот да се подигне на највисокото можно ниво. Доколку граѓаните својот стар мебел го одлагаат насекаде, градежниот отпад го исфрлаат на јавните површини и свесно ги опожаруваат контејнерите, Скопје никогаш нема да стане достоинствено место за живеење, укажува ЈП „Комунална хигиена“-Скопје.

Би можело да ве интересира

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција