ВИДЕО: Заев потврди дека Стево Пендаровски е кандидатот за претседател

Од:

Започна средбата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев со лидерот на ДУИ, Али Ахмети и останатите коалициски партнери и за кратко се очекува да биде официјално соопштен заедничкиот кандидат Стево Пендаровски како што објави претходно А1он.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, потврди дека Пендаровски ќе биде предложен за консензуален претседателски кандидат и дека очекува поддршка од сите. Тој посочи и дека останатите фаворити за претседател го прифатиле Пендаровски како претседателски кандидат.

Официјално, неговата кандидатура останува да биде соопштена по состанокот, конечна одлука ќе донесат делегатите на партиската конвенција во недела.

Премиерот Зоран Заев попладнево пред партискиот состанок, на кој се разгледуваат фаворитите за претседателски кандидат изјави дека имаат одлична листа на разгледување на фаворити и дека верува дека повеќе личности од таа листа може да бидат идниот претседател.

„Поминува Оливер Спасовски, Радмила Шекеринска, Стево Пендаровски, Никола Димитров, Ѓорѓи Филипов, Имер Селмани, поминуваат и други личности. Јас сум демократ човек, јас секако ќе влијаам на овие одлуки ако претходно било што соопштам рано. Сите анализи им се достапни на оние што одлучуваат, сите, буквално сите анализи и верувам дека ќе донесеме паметна одлука, се работи за државата наша“, рече Заев, запрашан што покажуваат анализите кој поминува и кај албанското гласачко тело и кај неопределените.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

СДСМ: Престанете да бегате од граѓаните, распишете референдум, граѓаните нека одлучат

Горан Наумовски

СДММ: Дали 5 милиони евра е дилот за Гета, Владата да каже колку пари ќе платат граѓаните

(ВИДЕО) Кузеска: Распишете референдум, граѓаните нека одлучат дали сакаат нивните деца да платат цена за Мицкоски

СДСМ: Нема пари за референдум, но има за тендери и луксуз

Владата одлучи: Нема да трошиме време и пари на референдум за европскиот пат

Горан Наумовски

СДСМ: Министерката за финансии прво повикува на средба, а потоа бега