ВИДЕО: Талат Џафери за дел од црногорските пратеници бил терорист

Од:

Спикерот Талат Џафери, кој денеска присуствуваше на ратификацијата на Протоколот за влез во НАТО не беше пожелен гостин во Парламентот на Црна Гора за дел од пратениците.

Пратениците од опозицијата бурно реагираа за присуството на Џафери во собраниската сала, прашаа зошто Џафери е тука а не во Собранието на Хрватска каде што исто се врши ратификација на Протоколот.

„Господинот Џафери е поранешен член на Терористичката организација ОНА која пукаше врз македонските војници, македонската полиција, а сигурно пукаше и врз Србите“, рече еден од пратениците.

Тие се спротивставија да се гласа за ратификацијата, бидејќи на Референдумот се изјасниле позитивно само 36 проценти од гласачкото тело и овој чин на ратификација е против желбата на мнозинството Македонци.

Сепак, на крај, со 44 гласа за, без опозиција беше ратификуван Протоколот.

Би можело да ве интересира

Бабиш: Чешка нема да ја исполни целта за одбранбени трошоци на НАТО

САД упатија нови критики кон своите сојузници во НАТО

Медведев им се закани на граѓаните на ЕУ: „Мирниот сон заврши“

НАТО се огласи по ударот на руски дрон врз зграда во Романија

Наришкин: НАТО се подготвува за голем директен конфликт

САД повлекуваат авиони, разорувачи и подморници од НАТО