Еколошка катастрофа во Пацификот

Од:

Австралиските власти соопштија дека во Пацификот се случува еколошка катастрофа каде се насукал голем брод и почнал да испушта нафта.

Нафтата се излева во близина на локација која е под заштита на Унеско, на Соломонските острови.

Според оценка на австралиските власти, повеќе од 80 тони нафта се излеале во морето и на брегот на оваа еколошки чувствутелна област, а повеќе од 660 тони нафта и се уште се наоѓаат на бродот кој плови под знаме на Хонгконг и кој се уште испушта нафта.

Австралиските власти на Соломонските острови денеска соопштија дека снимките направени оваа недела покажуваат дека е малку направено за да се запре истекувањето на нафтата од бродот „Соломон Трејдер“ откако се насука на 5 февруари.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во јужниот дел на Пацификот

Горан Наумовски

Ерупција на подводен вулкан кај остров во Пацификот

А1он

Силен земјотрес регистриран на Вануату, издадено предупредување за цунами

Ана Ололовска

Соломонските Острови забранија посети на американската морнарица по договорот со Кина

Кина и Соломонските Острови потпишаа договор за безбедносна соработка, Западот загрижен

Ана Ололовска

Контроверзен безбедносен пакт меѓу Кина и Соломонски Острови

Ана Ололовска