Контроверзен безбедносен пакт меѓу Кина и Соломонски Острови

Од:

Соломонските Острови потпишаа сеопфатен безбедносен пакт со Пекинг, договор за кој западните сојузници стравуваат дека значи чекор кон отворање на првата кинеска воена база во јужниот дел од Тихиот Океан.

Официјални претставници на Соломонските Острови и на Народна Република Кина денеска парафираа елементи од билатералната рамка за безбедносна соработка меѓу двете земји, се вели во соопштението од Кабинетот на премиерот во Хонијара.

Документот треба да биде потпишан од министрите за надворешни работи на двете земји.

Нацрт-договорот објавен минатата недела, ги детализира мерките за распоредување кинески безбедносни и поморски сили во тихоокеанска островска држава. Тој вклучува предлог со можност Кина, зависно сопствените потреби и со согласност на Соломонските Острови, да испраќа бродови, да врши логистички набавки, да спроведува операции на Соломонските Острови. Тоа ќе овозможи и распоредување на кинески вооружени трупи, доколку од Соломонските Острови биде побарана поддршка за одржување на „социјалниот поредок“ во земјата. На кинеските сили им се дозволува и заштита на своите вработени како и на поголемите проекти на Островите.

Објавувањето на нацрт-договорот предизвика политички шокови во регионот.

Соединетите Американски Држави и Австралија одамна се загрижени поради можноста Кина да изгради поморска база во јужните делови на Тихиот Океан, што би и дозволило демонстрација на поморските сили далеку од кинеските граници.

Секое кинеско воено присуство веројатно ќе ги принуди Канбера и Вашингтон да ги променат стратешки позиции за регионот.

Премиерот на Соломонските Острови, Манасе Согаваре, ги отфрли критиките по однос договорот, велејќи дека „нема намера … да побара од Кина да изгради воена база на Соломонските Острови“.

Тој додаде дека е „мошне навредливо..кога си стигматизиран како неспособен да управуваш со суверени работи“ од други држави.

Претседателот на Сојузните држави на Микронезија, Дејвид Пануело, веднаш по дознавањето за парафирањето на договорот го повика Согаваре да ја преиспита одлуката. Во писмото до него се изразува „сериозна загриженост за безбедноста во врска со предложениот договор“, наведувајќи ги како причина растечките тензии меѓу Кина и Соединетите држави.

„Се плашам дека ние, Тихоокеанските острови, ќе бидеме во епицентарот на идна конфронтација меѓу овие големи сили“, напиша Пануело.

Во своето писмо до Согаваре тој побара од премиерот на Соломонските Острови да ги земе предвид долгорочните последици за целиот регион на Тихиот Океан, ако не и за целиот свет од потпишувањето на Пактот за безбедност.

Исто така, постојат стравувања дека договорот би можел да поттикне внатрешни конфликти на Соломонските Острови. Земјата со 800 илјади жители ја потресуваат политички и општествени немири, а многу од луѓето живеат во сиромаштија. Во ноември демонстранти се обидоа да упаднат во Парламентот и учествуваа во тридневни немири, притоа опожарувајќи поголем дел од кинескиот кварт во главниот град Хонијара. Повеќе од 200 мировници од Австралија, Фиџи, Папуа Нова Гвинеја и Нов Зеланд беа испратени за да ја смират ситуацијата, а Согаваре избегна разрешување од функцијата.

Незадоволството беше поттикнато од опозицијата со критики на владеењето на Согаваре, дополнително засилено од невработеноста на населението, како и од недоразбирањата и ривалствата меѓу островите. Влијание врз немирите имаше и силното антикинеско расположение.

Лидерите на најнаселениот остров Малаја остро се спротивставуваат на одлуката на Согаваре од 2019 година да го признае Пекинг и да ги прекине сите односи со Тајван.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Кина жестоко го критикуваше Израел, но не ги спомна иранските напади

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди регионот на Синџан во Кина

Кина ја погоди земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала