Солсбери ќе биде прогласен за деконтаминиран од Новичок

Од:

Градот Солсбери ќе биде прогласен за безбеден од нервниот гас Новичок речиси една година по труењето на Сергеј Скрипал, јави Би-Би-Си.

Се очекува куќата на поранешниот руски шпион и 11 други потенцијално контаминирани локации денеска да бидат прогласени за безбедни.

Воен персонал 13.000 часа ја чистеше локацијата откако Скрипал и неговата ќерка Јулија беа отруени со нервниот агенс на 4 март минатата година.

Во чистењето учествуваа 600 до 800 специјално обучени воени лица, вклучувајќи и припадници на хемискиот, биолошкиот, радиолошкиот и нуклеарниот полк. Операцијата вклучуваше земање на илјадници примероци за тестирање низ Солсбери и од Амесбери, каде во јули беше отруена 44-годишната Даун Старгес.

Меѓу локациите што треба да се прогласат за деконтаминирани, се и клупата во паркот каде што беа пронајдени таткото и ќерката Скрипал, ресторанот „Зизи“ каде претходно вечерале, и домот на детективот Ник Бејли кој беше изложен на агенсот.

Би можело да ве интересира

Британија го „измисли“ инцидентот во Солсбери за да ја обвини Русија

Русија тврди дека не поседува „новичок“ и дека го имаат 20 западни земји

Агент на ГРУ вмешан во случајот „Скрипал“, три пати бил во Бугарија

ЕУ воведе санкции кон шефовите на ГРУ поради Скрипал

Ана Ололовска

Кремљ: Лондон нема цврсти докази за обвинувањата во случајот Скрипал

Наум Локоски

Лондон идентификува и трет руски агент осомничен за труењето на Скрипал

Наум Локоски