Министерот за образование и наука Арбер Адеми, денеска се сретна со новиот директор на УНДП во земјава Нарине Сахакјан.
На средбата, како што информираат од МОН, беше разговарано за досегашната успешна соработка помеѓу министерството и УНДП, како и за натамошните активности што ги преземаат двете страни во полето на образованието.
Фокусот на разговорот беше ставен на идните планови поврзани со пост-средното образование, образованието на возрасните, како и политиките поврзани со образовниот процес на децата со посебни образовни потреби.