ВИДЕО: По трет пат одбиена иницијативата на Тодор Петров за референдум за името

Од:

Иницијативата на Тодор Петров за собирање најмалку 150.000 избирачи за распишување нов референдум за името не помина на Комисијата за политички систем како и на Законодавно-правната комисија.

Заменик претседателот на Комисијата за политички систем, Чедо Саздовски, образложи дека инцијативата не е уредна затоа што прашањето не било во согласност со името на државата и дека не може да се распише нов референдум пред исеток на рокот од 2 години по минатиот референдум што се одржа на 30 септември лани како и поради тоа што Собранието претходно на седница ја разгледало оваа инцијатива и донело заклучок дека не е уредна.

На комисијата пратеникот Ферид Мухиќ бараше образложение од предлагачот со каков мотив бара распишување на референдум затоа што веќе Преспанскиот договор е на сила. Според Мухиќ Преспанскиот договор не можел да се поништува и не гледа смисла за распишување референдум.

„Каква и да биде одлуката на референдумот таа не може да делува ретроактивно. Не знам каква е смислата на референдумот кога одлуката нема да има правно дејство. Ако тоа е само од морална смисла да видиме дека граѓаните се незадоволни од промена на името, во ред. Но ако идејата е да се стопираат евроатлантските процеси тогаш сум против“, рече Мухиќ

Петров рече дека граѓаните имаат право да се изјаснат дали се за промена на името или не и дека Собранието треба да им го овозможи тоа. Тврдеше дека прашањрто не е исто со референдумот од лани и рече дека одлуки може да поништува само Уставен суд, а не Собранието.

„Одлуката нема само морална димензија. Прашањето е многу јасно зошто Собранието се плаши од народот. Но Собранието не е тоа кое што може да носи и укинува одлуки, ништо не е трајно и вечно. Ако цената е ЕУ како што тврдите јас и тука не се согласувам. Има членки кои пристапиле на ЕУ и кои отстапиле. Граѓаните теба да кажат дали се за ЕУ под вакви услови“, рече Петров.

Ставот на Петров го бранеше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Трајчо Димков. Тој тврдеше дека Собранието нема право да го укине граѓанското право на референдум и затоа побара да се усвои барањето на Петров.

Ова беше трета инцијатива на Петров за референдум која е одбиена.

Иницијативата е поткрепена со потписи од 157 граѓани за распишување референдум на кој граѓаните треба да одговорат со „за“ или „против“ на прашањето: „Дали сте за промена на името на државата Македонија во држава Северна Македонија?“.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

На референдумот во Еквадор беа изгласани мерки за борба против криминалните банди

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

Пет години од референдумот за Договорот со Грција

Словачкиот референдум не успеа поради слабата излезност

Џафери не ја добил референдумската иницијатива за францускиот предлог: Ќе ви кажам кога ќе одговорам

Кристијан Ландов

Нема да има референдум, Џафери го одби Мицкоски

Ана Ололовска