Одбележана 111-годишнината од смртта на охридскиот гемиџија Марко Бошњаков

Од:

Со положување цвеќе пред спомен-плочата на неговата родна куќа во стариот дел на Охрид денеска беше одбележана 111-годишнината од смртта на охридскиот гемиџија Марко Бошњаков.

Претставници на Општина Охрид, на локалните институции, на Подрачната единица на историскиот архив на Македонија, Сојузот на Борци од НОБ и политички партии, се поклонија пред спомен-плочата на Бошњаков.

Во чест на Бошњаков во Подрачната единица на Историскиот архив на Македониа се одржа и историски час на кој зборуваше Славица Јанкоска, а беа презентирани и сите историски документи што ги поседува архивот.

Марко Бошњаков бил директен учесник во солунските атентати. Роден е во 1874 година во Охрид, каде завршил основно образование, а средно на педагошкиот отсек при Солунската гимназија. Поради својата револуционерна активност е исклучен од образовната установа. Во гемиџискиот кружок се вклучува во 1901 година со убиството на уредникот Михаилјану во Букурешт. Потоа директно се вклучува во идејата на гемиџиите, изнајмувајќи ја својата бакалница на гемиџиите во Солун.

„Ако телото се тркала, не дозволувајте истото да се случи и со главата“, е мислата што Бошњаков ја изговорил непосредно пред смртта, која и денеска се раскажува меѓу луѓето.

Би можело да ве интересира

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство