Џафери-Цакај: Честитки за храбрите политички чекори за откочувањето на евроатланските интеграции

Од:

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери и заменик-министерот за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Гент Цакај на денешната средба изразиле задоволството за ратификацијата на пристапниот Протокол за НАТО во албанскиот Парламент. Притоа била нагласена одличната соработка меѓу Тирана и Скопје во изминатите години, како и напорите на Албанија за поддршка на нашата држава на европскиот пат.

Џафери, како што соопшти собраниската прес-служба, нагласил дека Република Северна Македонија е на сигурен пат кон НАТО, а државата посветено работи на исполнување на неопходните реформи и задачи за добивање датум за почеток на преговорите со ЕУ.

-Свесни сме дека ова не е лесен процес, но со сите сили и капацитети Собранието и Владата работат на постигнување на посакуваната цел, истакнал Џафери. Тој ја нагласил неопходноста од соработка на сите политички чинители заради исполнување на обврските за доброто на граѓаните и на државата, ставајќи посебен акцент на интензивирањето на економската соработка помеѓу двете земји.

Заменик-министерот Цакај упатил честитки за храбрите политички чекори за откочување на процесот на евроатланските интеграции.

-Република Северна Македонија не е само земја сосед како резултат на случајни географски околности, туку и пријател и стратешки партнер со кој односите ги градиме преку конструктивен дијалог и ефективна соработка. Пристапувањето на Северна Македонија во НАТО и заедничкиот пат кон ЕУ е додадена вредност за развој на регионот и особено за негување на мирот и стабилноста, истакнал Цакај.

Двете земји очекуваат во јуни на Самитот на ЕУ да биде потврдена одлуката за отпочнување на преговорите со ЕУ.

На средбата станало збор, меѓу другото и за Коридорот 8 и за можноста за скоро потпишување на иницијативата за воспоставување културни центри во двете земји, како и за кандидатурата на Република Албанија за непостојана членка на Советот за безбедност за периодот 2022-2023 година.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска