Заев по казната за Најчевска: И јас платив за фрлањето боја, ќе го разгледаме ова прашање

Од:

Откако МВР и изрече глоба од 200 евра на професорката Мирјана Најчевска за фрлање боја на објекти во државна сопственост за време на шарената револуција, премиерот Зоран Заев преку социјалните мрежи тврди дека претставници на извршната власт ќе go разгледаат прашањето со прекршочните казни и ќе разговараат со засегнатите граѓани за можни решенија, со цел да се зачува честа на граѓанскиот активизам. Тој вели дека казна за фрлање боја, платил и тој.

„Претставници на извршната власт ќе го разгледаат прашањето со прекршочните казни од Шарената револуција и ќе разговараат со засегнатите граѓани за можни решенија, со целосно почитување на судската власт, но и почитување на демократските принципи и интегритетот на граѓаните. Прекршоците со фрлањето боја во времето на протестното движење ги правевме свесно, знаејќи ја цената на казната, но со повисока цел – слобода и ослободување на институциите. Слична казна за фрлање боја веќе платив и јас лично. Ќе разговараме со граѓаните за решенија кои ќе ја чуваат честа на граѓанскиот активизам и лично како граѓани ќе ги поддржиме солидарните иницијативи“, пишува Заев.

Најчевска добила две решенија со кои Комисијата за прекршоци при МВР утврдила дека таа е одговорна за фрлањето боја. Професорката рече дека нема намера да ја плати казната, а решението ќе го оспори пред Управен суд.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец