Алонсо стана амбасадор на Мекларен и ќе учествува во тестовите на тимот пред почетокот на сезоната

Од:

Шпанскиот пилот Фернандо Алонсо ќе биде амбасадор на Мекларен и тој ќе учествува на претсезонските тестови, објави Формула 1 тимот од Англија.

Во Мекларен веруваат дека тоа ќе помогне во финализирањето на MCL34 болидот и создавање на MCL35 модел за сезоната 2020.

– Голема чест за мене е да бидам амбасадор на Мекларен. Ова е специјален тим кој останува таков и покрај проблемите кои неодамна се појавија. Дури и пред да ја заврши кариерата во Формула 1 минатата година, реков дека на долг рок се гледам себеси во Мекларен. Затоа, јас сум задоволен со оваа нова улога. Тоа ќе ми дозволи да одржувам блиски односи со тимот, кој е мој духовен дом, изјави Алонсо.

Во претстојната сезона за Мекларен ќе возат Карлос Сајнц и Ландо Норис.

Би можело да ве интересира

Алонсо не планира да ја напушти Барселона

Алонсо наследник на Табарез на клупата на Уругвај

А1он

Алонсо жали што не ја напушти Формула 1 пред 2018 година

А1он

Алонсо и следната сезона во болидот на Алпин

А1он

Алонсо до јули ќе реши дали ќе се врати во Формула 1

Алонсо додаде уште една легендарна трка на распоредот за 2019 година

Наум Локоски