Џафери за имунитетот на Вељаноски: Имам милион причини за лични чувства, но функцијата не ми дозволува

Од:

Имам милион причини за лични чувства, но функцијата не ми дозволува, рече претседстелот на Собранието, Талат Џафери на брифингот со новинарите, во однос на целата ситуација со одземањето на имунитето на Вељаноски.

Џафери повикувајќи се на Деловникот ги убедуваше новинарите дека немало што да се стави на гласање, бидејќи немало заклучок од Комисијата за мандатно-имунитетни и деловнички прашања. А во однос на причините за прекин на седницата го повтори ставот дека тоа било поради однесувањето на пратеникот Мухамед Зеќири.

Џафери во неколку наврати порача да се консултираат правни експерти за оваа проблематика и додаде дека ќе иницираат измени на Деловникот за да се спречат слични ситуации како оваа кога гласањето на Комисијата беше пата-пата и немаше заклучок.

Во однос на обвинувањата на обвинителката Русковска дека Собранието ќе биде одговорно за евентуално бегство на пратениците на кои не им беше одземен имунитетот, Џафери се повика на Законот за кривична постапка и додаде дека одговорноста е на правосудните инстанци.

Џафери на брифингот не сакаше да зборува за односите во коалицијата, бидејќи тоа било политичко прашање, рече тој.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба