ВИДЕО: Почнува дводневниот самит на Трамп и Ким во Виетнам

Од:

Во глваниот град на Виетнам, Ханој, денеска почнува дводневниот самит на американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун на кој, спорeд најавите, главна тема ќе биде денуклеаризацијата на Корејскиот полуостров.

Белата куќа соопшти дека Трамп и Ким денеска ќе имаат состанок „еден на еден“ кој ќе трае 20 минути, додека сите други состаноци ќе траат околу два часа.

Според распоредот, 20-минутниот состанок ќе биде одржан во хотелот „Метропол“ во 18.30 по локално време, по што ќе следува вечера која ќе трае час и половина.

Белата куќа информира дека на вечерата ќе присуствува и државниот секретар на САД Мајк Помпео и шефот на кабинетот на Трамп Мик Малвени, како и двајца помошници на Ким, и преведувачи.

Трамп и Ким ќе се состанат и утре.

Ова е втор самит на двајцата лидери, кои првпат се сретнаа во јуни минатата година во Сингапур, кога Ким вети дека ќе работи на целосна денуклеаризација на Корејскиот полуостров. Но од тогаш постигнат е мал напредок во преговорите затоа што Северна Кореја бара укинување на американските санкции со цел официјално да се заврши Корејската војна која траеше од 1950 до 1953 година и бара безбедносни гаранции.

Би можело да ве интересира

Песков: Можен е нов разговор меѓу Путин и Трамп

А1он

Трамп: Русија треба да се размрда

А1он

Ким Џонг Ун тестираше нова снајперска пушка и „погоди“ во центарот на целта

Израел се стреми да го минимизира влијанието на новите американски тарифи – Трамп разговараше со Нетанјаху

А1он

Трамп воведува царини од 20 отсто за увоз од ЕУ, 25 отсто за сите возила

Предраг Петровиќ

Трамп: Голем напредок кога станува збор за Украина, разговорите со Москва и Киев се одвиваат добро

А1он