(ВИДЕО) Ескалираа протестите на опозицијата во Тирана: Обид за насилно влегување во Парламентот

Од:

Протестот на албанската опозиција пред Парламентот ескалираше со обид за насилно влегување во законодавниот дом каде парламентарното мнозинство одржуваше седница. Демонстрантите фрлаа тврди предмет врз полицијата, палеа гуми, а полицијата одговори со употреба на солзавец.

Првите инциденти беа забележани уште на самиот почеток на протестот, кога им беше попречуван влезот на пратениците во зградата на Парламентот, а беше нападнат и министерот за туризам Бенди Кљоси.

И покрај апелите на полицијата да престанат со насилни дејствија тие продолжија барајќи пратениците да ја прекинат седницата, на која не присуствуваше премиерот Еди Рама, бидејќи бил заминат во посета на општините во рамки на владината програма „За подобра општина“.

Состојбата ја вжештија обраќањата на лидерите на демократите Љуљзим Баша и на Социјалистичкото движење за интеграција, Моника Круемади, која е сопруга на претседателот Илир Мета, кои меѓу другото порачаа дека со „Еди Рама ќе има битки се додека тој не замине од власт“.

Насобраните илјадници граѓани се уште се наоѓаат пред Парламентот, извикувајќи „Рама оди си“,„Ајдуци“… За време на немирите биле оштетени и полицски возила, но во моментот состојбата е помирна.

Би можело да ве интересира

Протест на опозицијата во Tиранa, полицијата принудена да употреби солзавец и водени топови

А1он

Протест поради проблемите со автобускиот превоз во Скопје

Инцидент на блокадата во Нови Сад: Беа кренати знамињата на ЕУ, па започна турканица

Горан Наумовски

Жителите на улица Народни Херои на протест – блокада на булеварот Борис Трајковски

Горан Наумовски

Нов протест поради трагедијата во Нови Сад, се бараат оставки: „Народот е гладен за правда“

Горан Наумовски

Протест на опозицијата во Белград