(ВИДЕО) Костадинов: Роднините на Стевананџија вработени во државни институции

Од:

Не се само Мицкоски и Милошоски примери за непотизам, има уште многу функционери на ВМРО-ДПМНЕ чии најблиски роднини за 11 години добиле работни места платени со пари на граѓаните. Пратеникот Димитар Стевананџија од ВМРО-ДПМНЕ е уште еден пример во низата, рече портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

„Речиси сите поблиски роднини на Стевананџија се вработтени во државни инситуции кои се финансираат од Буџетот, од парите на граѓаните. Сопругата на пратеникот Димитар Стевананџија, Јулија Стевананџија е вработена во здравствениот дом во Прилеп, Марија Адамческа, сестра на Стевананџија е вработена во Центарот за јавно здравје во Прилеп, неговиот вујко, Јоска Матески, е вработен во Апелациониот суд во Битола, тетката на Стевананџија, Соња Костоска, е вработена во Основниот суд во Прилеп, неговата братучедка Емилија Матеска пак е вработена на Универзитетот Климент Охридски во Битола“, тврди Костадинов.

Тој ги повика Мицкоски, Милошоски и Стевананџија да ги повлечат своите роднини од државниот сектор.

„Време е да почне повлекувањето на роднините на функционерите од ВМРО-ДПМНЕ, во име на борбата против непотизмот“, порача Костадинов.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа

СДСМ: Бараме локален референдум за рудникот со антимон во кривопаланечко Луке

А1он

СДСМ: Мицкоски да им се извини на уметниците и културните работници за навредите

Предраг Петровиќ