Министерот за надворешни работи на Албанија Гент Цакај во посета на Република Северна Македонија

Од:

Овластениот министер за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Гент Цакај денеска и утре престојува во работна посета на Република Северна Македонија, во чии рамки ќе биде примен од министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

Како што соопшти денеска Министерството за надворешни работи, се очекува разговорите да бидат посветени на прашања значајни за билатералните односи меѓу двете земји, за перспективите на натамошната соработка во области од заемен интерес, особено од областа на економијата, трговската размена и интерконективноста.

Исто така, ќе бидат разменети мислења и во врска со актуелните состојби во регионот, односно предизвиците и перспективите на земјите од регионот.

Покрај средбата со својот домаќин, министерот за надворешни работи, Димитров, овластениот министер Гент Цакај ќе биде примен и од претседателот на Собранието, Талат Џафери, претседателот на Владата, Зоран Заев и од потпретседателот на Владата надлежен за европски прашања, Бујар Османи.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија