Поранешниот тренер на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, е подготвен да се врати на работа. Сепак, според него, за да се случи тоа треба да се исполнат одредени услови.
– Не сакам да работам во клуб без амбиции. Јас одбив дарежлива понуда, бидејќи сакам да учествувам во фудбалот од највисоко ниво и моите амбиции се многу високи. Ова е второ барање, изјави Португалецот за англиските медиуми.
Првото е, во тимот да имам истомисленици. Сакам да работам со луѓе што ги сакам, со оние со кои уживам да работам и да споделувам идеи. Не сакам да бидам во постојан конфликт на мислења, додаде Мурињо.
Запрашан дали постои таков клуб, тој одговори:
– Да Така беше во Интер. Постојат такви клубови. Ова е многу важно за успех.
Во својата кариера тренерска Мурињо ги предводеше: Бенфика, Леириа, Порто, Челзи во два наврата, Интер, Реал Мадрид и Манчестер јунајтед.