Град Скопје им забрани на борците да маршираат

Од:

[staff name=”Катерина Цаневска-Арсовска” position=”Автор”][/staff]Град Скопје на борците од НОБ им забрани да маршираат на плоштадот во Скопје. Град Скопје во дописот до Сојузот на борци пишува дека одржувањето на маршот на борците се совпаѓа со други претходно планирани активности на плоштадот.

Претседателот на градскиот одбор на Сојузот на борците Трајко Стаматовски за А1 вели дека ова е тенденциозна и намерно донесена одлука за да не се одржи маршот.

„Град Скопје го разгледа барањето и го одлучи следното, поради тоа одржувањето на митингот се поклопувал со терминот на други претходно договорени активности на плоштадот Град Скопје, нема да можеле позитивно да одговорат на нашето барање. Ние го поднесовме 20 дена претходно барањети и секој ден бевме таму. Ни кажаа дека треба да платиме, со што се согласивме. Ова значи дека немало никакви закажани активности претходно и само бараа начин како да не спречат во одржувањето на маршот“, рече Стаматовски.

Од Сојузот на борците велат дека ништо нема да ги спречи да го одат февруарскиот марш за да го изразат својот став и револт кон игнорантскиот однос на власта кон нив и да маршираат за слобода и демократија.

Povik za Fevruarski marsh

Би можело да ве интересира

Во Сирија до сега загинале 93 косовски државјани, таму се наоѓаат уште 65 лица

Сојуз на борци: Безбедносниот систем на државата е во целосен распад

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Борците бараат Коце Трајановски да го врати споменикот на паднатите скопјани

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Борците дискриминирани, власта се плаши од вистината

Ана Ололовска

За Сојузот на борци нема место во одбележувањето на 11 октомври

Емир Латифовиќ

ФОТО: Поддршка од борците за Жерновски

Ана Ололовска