Новинарите добија медиа центар во кривичниот суд

Од:

Во Основниот суд Скопје 1 беше промовиран Медиа-центарот на судот, наменет за претставниците на медиумите кои ја следат работата на судот, а е опремен со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Центарот е опремен со шест компјутери, библиотека со стручна литература и аудио и видео опрема за следење на судењата во судницата 1 каде се одржуваат најголем дел од главните расправи кои се од интерес на јавноста.

Ова е прв ваков центар кој функционира во една правосудна институција, а е во рамки на заложбите на судот за поголема транспарентност и отвреност со медиумите и граѓанските организации како претставници на јавноста.

Беше промовирана и Стратегијата за развој на транспарентноста, објавена во електронска форма на веб страницата на судот. Стратегијата е почетен докуемнт за развој и понатамошно градење на односите на судот и медиумите.

Денешната промоција е заокружување на проектот на судот со Мисијата на ОБСЕ во Скопје за јакнење на односите на судот со јавноста при што беа објавени и информативни двојазични табли и брошури наменети за запознавање на граѓаните за нивните права и обврски.

Обраќање имаа претседателот на судот, Иван Џолев и амбасадорот Клеменс Која – шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје кој ја истакна заложбата на Основниот суд Скопје 1 за унапредување на односите со јавноста како пример за останатите правосудни органи.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Признание за случајот „ИПАРД“: Обвинета призна дека земала мито, судењето продолжува за поранешни функционери

Горан Наумовски

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Кривична за двајца службеници од Кривичниот суд, едниот е во затвор, другиот во домашен притвор

Горан Наумовски

Кривичен суд: Една казна за Груевски e застарена, две пресуди остануваат активни

Горан Наумовски

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Намален број на поднесени приговори за „Безбеден град“, од 476 во февруари, на 65 во март