Затворската казна на Јанкулоска за „мерцедесот“ пред апелациските судии

Од:

Во Апелацискиот суд во Скопје се одржува одложената седница за жалбата на осудената ексминистерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска во предметот „Тенк“, во кој процес, Јанкулоска беше осудена на затворска казна од 6 години.

Судијката известител, Тања Милева повеќе од 1,5 час читаше делови од пресудата на Добрила Кацарска. Двајцата адвокати и Јанкулоска по паузата од половина час ќе ги образложат жалбите со кои бараат пресудата да се укине, а предметот да се врати во првостепениот суд на повторно судење.

Според пресудата на скопска „единица“ за предметот „Тенк“, експремиерот Никола Груевски нарачал луксузен „мерцедес“, Јанкуловска го поттикнала тогашниот помошник-министер Ѓоко Поповски да испланира јавна набавка на која ќе се јави договорениот понудувач „Мак Аутостар“.

Доколку судот ѝ ја потврди казната, според Законот за извршување санкции, Јанкулоска може да бара одлагање на извршувањето поради мајчинството бидејќи нејзиното дете сè уште нема наполнето една година.

За истиот случај осудениот Никола Груевски доби 2 години ефективна казна затвор. Апелација му ја одби жалбата и му ја потврди казната. Осуден останува и помошник-министерот Ѓоко Поповски, на кого наместо 6,6 години затвор, апелација му изрече 4,6-годишна затворска казна.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Тенк прегази двајца војници во Полска: Едниот загина, другиот во критична состојба

Украинскиот амбасадор во Германија ја поздрави „големата тенковска коалиција“

А1он

Британско разузнавање: Москва испраќа нови тенкови на бојното поле, војниците не ги сакаат

Варшава очекува брзо одобрение од Берлин за испраќање тенкови во Украина

А1он

ВИДЕО: „Мерцедесот на Груевски“ се вози, но се крие колку се троши за сервисирање – ништо од ветувањата за продажба и амбулантните возила

Кристијан Ландов

Германија ќе и испрати седум тенкови „Гепард“ на Украина

А1он