Проруската партија на претседателот Додон победи на изборите во Молдавија

Од:

Проруската левичарска Партија на социјалистте (ПС) на молдавскиот претседател, Игор Додон освои најмногу гласови на вчерашните прламентарни избори во Молдавија.

Според се уште неофицијалните изборни резултати, ПС освоила 31,3 отсто од гласовите, пред опозицискиот блок на центристичката популистичка Партија на платформата за достоинство и правда (ППДА) и либералната Партија за акција и солидарност (ПАС) со 26,2 проценти и проевропската социјалдемократска Демократска партија на Мокдавија (ПДМ) со 24 отсто.

Изборниот праг од шест проценти за освојување места во Парламентот според пропорционалниот модел го мина уште проруското конзервативно Републичкото општествено-политчко движење „Еднаквост“ (СОР), кое освои 8,4 отсто од гласовите.

Молдавскиот Парламент има 101 пратеници, од кои 50 се избираат според пропорционалниот модел, а 51 според мнозински изборен систем во исто толку изборни единици.

Според досега преброените гласачки ливчиња според мнозинскиот модел, ПДМ освоила 16 пратеници, социјалистите 11, коалицијата на ППДА и ПАС 10, СОР еден, а два мандати добиле независните кандидати.

Аналитичарите оценуваат дека во вакви услови ќе биде тешко формирање на стабилно парламентарно мнозинство, поради што е можно Молдавија да западне во период на политичка нестабилност.

Поранешната советска република Модлавија е длабоко поделена меѓу оние кои се залагаат за поблиски врски со Москва и оние кои се за приближување кон Западот и зачленување во ЕУ.

Друг голем проблем за Молдавија е сепаратистичкиот регион Придњестровје, каде мнозинството од жителите се Украинци и Руси, врз кој Кишињев нема никаква власт и кој практично функционира како независна држава.

Би можело да ве интересира

Хрватска повторно го избра Милановиќ

Предраг Петровиќ

Отворени се над 6.500 избирачки места на претседателските избори во Хрватска

Горан Наумовски

Гаспром ја прекинува испораката на гас за Молдавија: „Ќе останеме без струја и греење“

ЦИК на Грузија: Претседателските избори се сметаат за валидни

Горан Наумовски

Познати кандидатите на претседателските избори во Хрватска

Горан Наумовски

Романците пред нов историски „референдум“