Прв елетромотоцикл изработен на ЗД печатач

Од:

Компанијата „БигРеп“ го произведе првиот елктромотоцикл изработен со помош на 3Д печатач, јави Би-Би-Си.

Мотоциклот се состои од 15 делови, од кои само моторот и акумулаторот не се изработени со 3Д печатачот.

Директорот во компанијата Штефан Бајер информира дека новиот елетромотоцикл бил изработен за три дена и дека трошоците за негово производство изнесуваат 2.600 американски долари.

– ЗД печатачот ни овозможува да ги надминеме ограничувањата и да изработиме апсолутно нови карактеристики и дизајн. Ќе беше невозможно да го изработиме нашиот мотоцикл со традиционалните методи, додаде Бајер,

Компанијата „БигРеп“ е специјализирана за изработка на уреди и апарати со 3Д печатачи.

Би можело да ве интересира

„Сони“ најави компанија за електромобили

Ана Ололовска

„БМВ“ го продаде милионитиот електромобил

Ана Ололовска

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Нова „батерија на иднината“ за електромобили

Ана Ололовска

Џенерал моторс повлекува повеќе од 73.000 електрични возила од пазарот

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска