ВИДЕО: Судири на бразилско-венецуелската граница

Од:

Нови судири вчера избија помеѓу демонстрантите и припадниците на венецуелската Национална гарда на границата со Бразил.

Десетици Венецуелци кои пристигнаа во пограничниот бразилски град Пакарајма, со камења фрлале преку затворената граница врз венецуелските сили кои одговорија со солзавец.

Бразилската телевизија Глобо емитуваше снимка на која се гледа како бразилски војник се приближува до границата и апелира до венецуелските војници на смиреност, а од демонстрантите и новинарите бара да се оддалечат од границата.

Кампањата за испраќање на хуманитарна помош во саботата, иницирана од САД, наиде на силен отпор кај венецуелските безбедносни сили, кои уопотребија солазавец врз демонстрантите, а во судирите загинаа и две лица, а 30 беа повредени.

Судирите траеја во текот на целиот ден на два моста кои ги поврзуваат Венецуела и Колумбија.

Би можело да ве интересира

Во вторник во Саудиска Арабија ќе се одржат американско-украински разговори

САД прекинаа да и испраќаат разузнавачки информации на Украина

Горан Наумовски

Франција се обидува да ги обнови врските меѓу САД и Украина

Кина: Подготвени сме да се бориме до крај доколку САД сакаат било каква војна

САД продолжуваат да споделуваат разузнавачки информации со Украина

Трамп: Утре ќе биде голем ден, ќе кажам се како што е