Милошоски: Секој кој се дрзнал да не поддржи двотретински проект на власта станува обвинет

Од:

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски на денешната седница во Собранието за одземањето на пратеничкиот имунитет на Трајко Вељаноски рече дека Обвинителството е продолжена рака на извршната власт предводена од СДСМ.

-Секој од опозицијата кој се дрзнал да не поддржи двотретински проект на Владата, од самиот старт се виновни. Само прашање на време е кога ќе биде покренато обвинението, рече Милошоски.

Тој, исто така истакна дека случајот со Вељаноски е политички монтиран, а меѓудругото ова се гледа и по тоа што дури сега се врши истрагата, додаде тој.

Милошоски вели дека истрагите се за дефокусирање на неисполнетите ветувањата од партијата на власт спрема граѓаните.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Милошоски: Филипче барем овој месец да ги стави интересите на државата на прво место

А1он

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование