Мицевски: Зошто ни е мислење од Комисија кога истото не се почитува

Од:

Комисијата за мандатно-имунитетни прашања го разгледа барањето за притвор на експретседателот на Собранието Трајко Вељаноски од Основниот суд Скопје 1. Комисијата 2 дена расправаше по основ на точката. На крајот Комисијата со 4 гласа „за“ и 4 „против“ не му го одзеде пратеничкиот имунитет на Вељаноски.

Во извештајот стои дека Комисијата не зазема став, па прашувам, ако комисијата не зазеде став и пратениците не беа убедени дека треба да му се земе имунитетот, зошто е потребата да дискутираме по истата. Или пак која е потребата да имаме комисии кога работата се завршува тука, изјави вечерва од собраниската говорница координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Со резултат 4-4 имунитетот на Вељаноски останува. Барам да се тргне точката од дневен ред. Би ве замолил добро да размислите и барањето да се тргне од дневен ред, додаде Мицевски.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Мицевски: Изразувам огромна згрозеност од недоличното, безобразно и срамно однесување на претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев

Горан Наумовски

Мицевски ги повика турските партии да бидат дел од владата на ВМРО-ДПМНЕ

Мицевски очекува да има двотретинско мнозинство за законските измени за реорганизација на министерствата

Мицевски повика итно да се донесат измените на Законот за патни исправи

Мицевски: Проблемот со испразнетото место во ДИК ќе се надмине, еден од кандидатите ги повлекол документите

Има 20 потписи за свикување итна седница, денес може да се изгласаат измени за возачките и личните карти

A1on