Мажот кој се обиде да киднапира авион е ликвидиран

Од:

Припадници на специјалните сили на Бангладеш го ликвидирале мажот кој наводно се обидел да упадне во пилотската кабина на авионот на компанијата „Бирман Бангладеш ерлајнс“ на летот од Дака до Дубаи поради што пилотот принудно слетал во Читагонг.

Како што пренесува „Ројтерс“, мажот му рекол на пилотот дека има лични проблеми со сопругата и дека сака да разговара со премиерот на Бангладеш.

„Се обидовме да го уапсиме или да го натераме да се предаде, но тој одби и потоа го ликвидиравме“, рекол генерал мајор Мотијур Рахман.

Пред да влезат специјалците во авионот, сите 142 патници и поголемиот дел од членовите на екипажот безбедно биле евакуирани. Напаѓачот задржал само еден член на екипажот како заложник.

Идентитетот на напаѓачот сè уште не е познат.

Би можело да ве интересира

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Инцидент на Хаити: Во авион е пукано при слетување, има и ранети

Горан Наумовски

ВИДЕО: Се запали моторот на авион што полета од Рим

(ВИДЕО) ХУР: Уништен е стратешки руски воен авион

ВИДЕО: Авион се запали пред полетување во Италија, итно евакуирани патниците

Одмаздољубива жена е виновникот за принудното слетување на патнички авион во Подгорица

Горан Наумовски