Хиршер по шести пат го освои малиот кристален глобус во велеслалом

Од:

Австриецот Марсел Хиршер е победник во дисциплината велеслалом од Светскиот куп во алпско скијање за сезоната 2018/19. Во денешната трка во Банско (Бугарија), Хиршер беше втор, натпреварувањето го заврши веднаш зад победникот Хенрик од Норвешка Кристоферсен, доволно за вкупен триумф.

Хиршер по шести пат го освои малиот глобус во велеслалом. Тој се проби на второто место на вечната листа најдобри велеслаломисти.

Во историјата на светскиот куп најуспешен е легендарниот Ингемар Стенмарк од Шведска со осум кристални глобуси во оваа дисциплина.

Третото место го делат Американецот Тед Лигети и Швајцарката Врени Шнајдер со по пет глобуси.

Би можело да ве интересира

Историски подиум за Грција во Светскиот куп во алпско скијање

Шифрин најбрза на велеслаломот кој ја отвори новата скијачка сезона

Легендарниот југословенски скијач Бојан Крижај банкротираше, си ја продава куќата

Жарко Настоски

Кристалниот глобус во супервелеслалом за Лара Гут Бехрами

Олимписката шампионка во алпско скијање Викторија Ребензбург ја заврши кариерата

Ана Ололовска

Штухец аут до крајот на сезоната