ЦИА: План за Договорот меѓу САД и Северна Кореја

Од:

За САД почеток на патот кон денуклеаризација на Северна Кореја е целосна суспензија на тестовите за нуклеарно оружје и балистички ракети, изјави поранешниот висок претставник на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Ендрју Ким.

Пред најавената нова средба меѓу претседателите на двете земји, Доналд Трамп и Ким Џонг-ун во Виетнам, Ендрју Ким, кој до пензионирањето во декември, беше шеф на Одделот на ЦИА за Кореја, одржа предавање на Универзитетот Стенфорд, при што претстави план за постигнување на целта на САД за конечна, целосно потврдена денуклеаризација на Северна Кореја (ФФВД).

Според агенцијата Јонхап, тој рече дека следниот чекор е инспекција на меѓународни експерти на севернокорејските нуклеарни и ракетни погони.

– Пјонгјанг мора да соопшти каде се наоѓаат објектите, потоа во одреден рок целосно да се уништат системите за лансирање нуклеарно оружје и да предадат сеопфатни податоци за своите нуклеарни, ракетни, хемиски и биолошки програми, рече Ким, кој беше клучниот американски преговарач во подготовка за првиот Самит Трамп-Ким.

Тој додаде дека последниот чекор е Северна Кореја да се согласи со Договорот за неширење на нуклеарното оружје (НПТ) од кој излезе во 2003 година, со што би се овозможила целосна потврда и верификација на усогласеноста со договорените одредби.

Во замена за целосна денуклеаризација на Корејскиот Полуостров, Трамп на самитот во јуни минатата година вети безбедносните гаранции и изградба на нови односи меѓу двете земји.

Од друга страна, Северна Кореја бара укинување на сите санкции на ОН, како и продолжување на спроведувањето на меѓукорејските проекти.

Пјонгјанг, исто така, повика на официјален крај на Корејската војна (1950-53).

 

 

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски