ВИДЕО: Тензично на венецуелската граница, дезертираа тројца војници

Од:

Војската на Венецуела денеска употреби солзавец во близина на границата со Колумбија против група луѓе кои се обидувале да преминат во таа соседна земја за да одат на работа.

Владата на претседателот Николас Мадуро ги затвори границите додека опозициските лидери се подготвуваат да ја примат хуманитарната помош од САД, на што се спротивставува владејачката Социјалистичка партија.

Венецуелските власти наредија распоредување војска во близина на границата со Колумбија, соопшти денеска Стратешката оперативна команда на Боливарските национални вооружени сили.

„Следејќи ги инструкциите на нашиот врховен командат Николас Мадуро, командантот на Стратешката оперативна команда на вооружените сили Ремиџо Себаљос нареди распоредување на војската на границата меѓу Колумбија и Венецуела со цел гарантирање на мирот и безбедноста на граѓаните по затворањето на границата“, се наведува во соопштението објавено на Твитер.

Во четвртокот Мадуро нареди затворање на границата со Бразил, а вчера потпретседателот Делси Родригес нареди привремено затворање на трите моста кои ја поврзуваат Венецуела со Колумбија.

Во меѓувреме, тројца припадници на националната гарда на Венецуела денеска ги напуштија своите позиции и дезертираа, соопшти колумбиската Агенција за миграција. Оваа агенција соопшти дека венецуелските војници од нив побарале помош.

Би можело да ве интересира

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот

Демонстрантите во Венецуела ја урнаа статуата на Уго Чавез: Насилни протести по претседателските избори

Горан Наумовски