СДСМ: Силјановска му се поклони на Груевизмот

Од:

„Се потврди она што јавноста веќе добро го знае, дека изборот на кандидатката на Мицкоски е обична фарса, тој самиот ја избра.

Соочен со изгубената поддршка од граѓаните но и внатре од своите сопартијци и пратеничката група Мицкоски ги принудува членовите на ВМРО-ДПМНЕ да собираат потписи.

Бидејќи очигледно немаат доверба ниту во сопствените членови Мицкоски и Силјановска бараат од нив да потврдат дека се попишале со самослик или т.н. селфи.

Тоа е вообичаениот начин на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски за идентификација, односно лоцирање на оние членови кои постапуваат спротивно на наредбата на партискиот шеф.

Толку од професорката од Правниот факултет и наводната борба за владеење на правото.

Силјановкска му се поклони на Груевизмот и на дело започна да го применува меѓу членовите на ВМРО-ДПМНЕ.

На граѓаните и на Република Северна Македонија не им е потребен уште еден партиски послушник, не им е потрбен нов Иванов, фикус или кактус, туку вистински претседател кој ќе ги застапува интересите на сите граѓани.

Силјановска и Мицкоски бадијала ги принудуваат членовите на ВМРО-ДПМНЕ, ги чека пораз на претсеадтелските избори“, се вели во реакцијата на СДСМ на изнесените ставови на Христијан Мицкоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Клековски и Мицкоски не менаџираат со здравствената кризи

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

СДСМ: Мицкоски е уплашен од незадоволство на лозарите – во полиција е повикан наш советник за објава на Фејсбук

(ВИДЕО) Цветановски: Мицкоски призна дека ја носи Македонија кон 12 милијарди евра долг

СДСМ: Се зголеми бројот на заболени од западнонилска треска – 56 случаи, 7 починати

Горан Наумовски

Мицкоски: СДСМ покажа непознавање за економијата – освен арамилук друго не им е во политичката матрица

А1он