ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е единствената држава во Европа каде се затвораат и тепаат политички неистомисленици

Од:

„Со СДСМ на власт Македонија стана единствената држава во Европа каде се затвораат и тепаат политички неистомисленици. Тепањето на поранешните министри Спиро Ристовски и Миле Јанакиески е уште еден обид на власта да креира страв кај граѓаните во обид да го избегнат неминовниот пораз на изборите.

Оставката на директорот на Истражниот затвор во Скопје е само блед обид за избегнување одговорност на нарачателите на линчот врз Ристовски и Јанакиески.

Целиот случај не смее да се заташка на овој начин, а одговорните мора веднаш да бидат изведени пред лицето на правдата. Јавноста мора да знае кој го нарача обидот за линч и зошто тепањето не било на време спречено.
Зоран Заев и Рената Дескоска да не бегаат од одговорност и да си поднесат оставки. Само така ќе се спроведе независна истрага која ќе резултира и со кривична одговорност за нарачателите.

Недозволиво е за една земја која претендира да биде член на Европската Унија да затвора и тепа политички неистомисленици. Со ваквиот чин власта ја враќа Македонија во црните времиња на комунизмот и едноумието и ја става во рангот на тоталитарни режими како Северна Кореја.

Лагите и клеветите на СДСМ не можат да го скријат фактот дека во притвор беа претепани двајца поранешни министри, а власта не направи апсолутно ништо за тоа да го спречи.

Политичкиот прогон и насилството во Република Македонија станаа секојдневие. Граѓаните повеќе не се безбедни и се исплашени дека може да ги снајде истото доколку го кренат својот глас против власта.

Оваа хајка против неистомислениците мора да заврши. Граѓаните ќе ги казнат СДСМ и Заев на претседателските избори, а тоа резултира со неминовни предвремени избори кога повторно ќе бидат поразени и СДСМ ќе замине на црната страна на историјата а правната држава и демократијата ќе се вратат во Македонија“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Клековски и Мицкоски не менаџираат со здравствената кризи

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

СДСМ: Мицкоски е уплашен од незадоволство на лозарите – во полиција е повикан наш советник за објава на Фејсбук

(ВИДЕО) Цветановски: Мицкоски призна дека ја носи Македонија кон 12 милијарди евра долг

СДСМ: Се зголеми бројот на заболени од западнонилска треска – 56 случаи, 7 починати

Горан Наумовски

Мицкоски: СДСМ покажа непознавање за економијата – освен арамилук друго не им е во политичката матрица

А1он