Гуаидо со помош на венецуелската армија пристигна во Колумбија

Од:

Спикерот на венецуелското Национално собрание, Хуан Гуаидо, кого над 50 земји, меѓу кои и САД и повеќето членки на ЕУ, го признаа за легитимен привремен претседател на Венецуела, синоќа отпатува во Колумбија и покрај забраната од Владата на неговиот ривал, претседателот Николас Мадуро, да ја напушти земјата.

Гуадио допатува во колумбискиот пограничен град Кукута, каде синоќа се одржа концерт во организација на британскиот милионер Ричард Бренсон, за прибирање средства за хуманитарна помош за Венеуела.

По пристигнувањето во Кукута, Гуаидо изјави дека во напуштањето на Венцуела ми помогнале припадници на венецуелската Армија.

– Прашањето е како денеска стигнав тука и покрај затворањето на воздушниот простор, прекинот на помирскиот транспорт и блокадата на патиштата. Тука сум затоа што Вооружените сили учествуваа во тој процес, изјави 35-годишниот Гуаидо пред миедиумите, придружуван од претседателите на Колумбија, Чиле и Парагвај.

Би можело да ве интересира

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот

Демонстрантите во Венецуела ја урнаа статуата на Уго Чавез: Насилни протести по претседателските избори

Горан Наумовски