Прометот во индустријата бележи опаѓање

Од:

Прометот во индустријата во декември 2012 во однос на декември претходната година бележи намалување од 22,1 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Прометот во идустријата бележи опаѓање од 0,1 отсто во декември 2012 во однос на претходниот месец и опаѓање од 16,8 отсто во периодот јануари-декември 2012 во однос на овој период во 2011 година.

Прометот на индустријата на домашниот пазар бележи опаѓање од 27,7 отсто, а на странските пазари прометот бележи опаѓање од 17,6 отсто.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење камен во декември 2012 година, во однос на декември 2011 година, бележи пораст од 3,1 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 23,1 отсто.

Според главните индустриски групи, прометот во декември 2012 година, во однос на декември 2011 година, бележи опаѓање кај Енергија за 58,1 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 20,5 отсто, Капитални производи за 13,2 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 44,8 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,4 отсто.

Би можело да ве интересира

ДЗС: Повеќе договорени, а помалку извршени градежни работи во странство

Цените на индустриските производи во јули непроменети на месечно ниво

Конечно се враќа довербата во бизнис заедницата, имаме стабилна Влада, вели Мицкоски

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Помалку издадени одобренија за градба во мај

Горан Наумовски

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто