• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Видео Македонија

(ИНТЕРВЈУ) Силјановска: Ме болат навредите, но јас сум инает и бунтовник

by А1он22/02/2019 - 16:0422/02/2019 - 16:46542
Share0

Кандидатката за претседател зад која застана опозициската ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска Давкова, предизвика различни реакции во јавноста по објавувањето и изборот на нејзината кандидатура. Реакциите се движеа од позитивни, преку говор на омраза и сексизам за нејзиниот изглед и возраст, до коментари од типот „како е можно вмровски кандидат да биде поранешна министерка во Владата на Бранко Црвенковски“ и зошто премолчела голем дел од општествените случувања за време на владеењето на Никола Груевски.

Добивај вести на вибер

Во интервју за „Макфакс“ таа одговара на дел од овие прашања, нејзините ставови за Шарената револуција, оценува што би направила различно доколку би била избрана за претседател, а јасно ги изразува и своите негодувања во однос на Договорот од Преспа. Вели дека е легалист и дека е должна да го прифати Договорот, но дека „прашањето се уште не е затворено.“

„Јас немам проблем да има компромис со име кон надвор, ама име кон сосед за внатре е крајно чудно решение“, вели таа.

Силјановска тврди дека слушала дека нејзиниот молк значел поддршка на „груевизмот“ и додава дека Груевски го сретнала само еднаш, кога се дискутурало за Законот за високо образование“.

„Професорите не треба да се секогаш присутни по медиумите, но секогаш кога ме повикувале да кажам свој став, тоа сум го правела. Кај нас има таканаречени „прекувремени медиумски фабрички работници“ кои цело време се по телевизии и го окупираат медиумскиот простор. Јас не сум таква личност“, тврди Силјановска.

Таа вели дека кај неа преовладал инаетот и фактот дека очекувала промени по промената на власта, но и дека неколкупати се предомислувала пред да ја поднесе кандидатурата.

„Мотото на Шарената револуција беше „нема правда, нема мир“, а сега е „нема правда, има мир“. Шарената револуција не даде резултати“, вели таа.

Децидно стои на ставот дека не е врзана за ниту една политичка партија и дека нејзиното време на партиски активизам е поминато.

„Партија бирам еднаш, повеќе не. Во 1994 година ја видов политиката одвнатре и сфатив дека тоа не е мојот живот“, тврди Силјановска, додавајќи дека таа е критичар на секоја власт, па затоа не се пријавила на конкурсот на СДСМ за претседател на државата.

„Но, да беше конкурсот во времето кога владееше ВМРО-ДПМНЕ, можеби не би било проблем“, вели таа.

Силјановска од утре ќе собира потписи за претседателската кандидатура низ сите подрачни канцеларии низ ДИК во земјава.

Мери Јордановска

gordana siljanovskapretsedatelski izbori 2019

Би можело да ве интересира

Сиљановска Давкова ги посети децата на детските клиники во Скопје

Предраг Петровиќ31/12/2025 - 16:37

СДСМ: Оставка за скандалозните помилувања од Сиљановска и одговорност од нарачателите

Предраг Петровиќ27/10/2024 - 11:5627/10/2024 - 11:58

Заради Пендаровски и Османи имаме 17 непополнети амбасади-Силјановска Давкова обвини дека партиските несогласувања ни ја диктираат дипломатијата

Предраг Петровиќ17/04/2024 - 22:42

СДСМ: ДПМНЕ фатени во лага, дали ги фалсификуваа потписите за Силјановска?

Предраг Петровиќ23/03/2024 - 08:58

Законот поради кој имаше тепачка не може да одредува пензионирање на судии и обвинители, објаснува Силјановска-Давкова

Кристијан Ландов28/06/2022 - 15:48

Силјановска бара двајца, наместо пет потпретседатели, а Џафери да биде неутрален како папа

Искра Манојлоска25/08/2020 - 15:26
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен