МОН ја претстави Националната рамка на квалификации

Од:

Министерството за образование и наука денеска организираше инфоден за Националната рамка на квалификации – стандард кој го уредува стекнувањето и користењето на квалификациите во земјава.

Министерот Арбер Адеми во воведното излагање истакна дека рамката стана инструмент за прегледност, споредливост и транспарентност на квалификациите и инструмент за реформи во образованието.

-Во таа насока, почнаа реформите во стручното образование и обука, се изработија стандарди на занимања и стандарди на квалификации, процес со кој се подига нивото на учество на сите засегнати општествени чинители, односно институции, работодавци, комори итн.. рече Адеми, додавајќи дека претстојат уште многу задачи во нашето активно учество во работата на советодавната група за Европската рамка на квалификации.

Наташа Јаневска од МОН презентираше сè што е сработено во изминатите речиси десет години, посочувајќи дека Националната рамка на квалификации е рамнотежа меѓу пазарот на трудот, односно она што се бара од работодавците, а од дрига страна – она што се испорачува како образовна услуга.

-Сето тоа предизвика низа рефоирми, се направи визија каде треба да се движи образованието, ја насочивме рамката да биде процес на доживотно учење, а најважно е во целиот процес да обезбедиме квалитет, додаде Јаневска.

Националната рамка на квалификации беше воведена во 2010 година, прво во високото образование кога почна процес на редизајнирање на студиските програми, мобилност на академскиот кадар и студентите, обезбедување квалитет и интернационализација односно признавање на квалификациите.

Следен чекор беше создавањето национална рамка за доживотно учење, во која посебно внимание е посветено на кавлификациите на средното стручно образование и доживотното образование. Таа ги опфати сите системи на образование и учење – формално и неформално. Во 2013 година државата стана рамноправен член на советодавната група за Европската рамка на квалификации основана од Европската комисија, а таа година беше донесен и Законот за Националната рамка на квалификации.

Би можело да ве интересира

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

МОН: Нов електронски дневник за работа на училиштата, по тестирањето ќе почне неговата официјална примена

Горан Наумовски

МОН со препорака за скратени часови и со насоки за заштита на учениците од високите температури

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови