Грчки министер: „Државата Скопје“ има проблеми со сите соседи

Од:

„Државата Скопје“ има проблем со Грција, има проблем со Бугарија, со Албанија и со Србија. Не можат да им се виновни сите соседи, и тие сепак имаат некаква вина, изјави грчкиот министер за Македонија и Тракија Теодорос Карауглу во денешното интервју за Бугарската национална телевизија.

–  Мислам дека е добро од  време на време да сме самокритични и да процениме што е неопходно да направиме за да ги решиме проблемите, додаде тој.

На прашањето „дали има некакви тајни договори меѓу грчката и бугарската Влада во врска со обвинувањата од Скопје дека двете земји создале заеднички фронт кога Македонија не доби датум за почеток на пристапните преговори со ЕУ“, Карауглу рече дека не постои такво нешто затоа што Бугарија и Грција имаат различни проблеми со Скопје.

Тој, јави дописникот на МИА од Атина, нагласи дека Грција сака сите држави од Западен Балкан да ги надминат сите свои проблеми во меѓусебните односи и да станат членки на ЕУ и НАТО.

– Откако Скопје ќе ги реши проблемите со Грција и Бугарија, не гледам зошто не може да стане членка на ЕУ и НАТО. Но, прво мора да се решат проблемите. Не можеме да бидеме во унија со држава која не може да биде таков сојузник. Ако не се решат тие проблеми, ќе имаме проблеми внатре во Унијата и во НАТО. А тоа никој не го сака. Затоа е важно на ова ниво да се решат проблемите, рече Карауглу и додаде дека македонската страна „треба да покаже добра волја во разговорите со Грција и Бугарија за да се најдат соодветни решенија“.

Визијата на Грција, според него, „е сите држави од Балканот без никакви проблеми да бидат членки на меѓународните организации, ЕУ и НАТО, со заедничката валута еврото, со отворени граници, со слободно движење на луѓето“.

– Кога ќе отидете во северноевропски земји, на пример, од Франција во Германија влегуваме без да забележиме дека сме поминале граница и дека сме во друга држава. Тоа сега треба да биде меѓу Грција и Бугарија, нели е тоа најдобро?, изјави Карауглу за БНТ.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната