Утре во Нигерија ќе се одржат парламентарни и претседателски избори

Од:

Нигериската Изборна комисија соопшти дека утре ќе бидат одржани претседателски и парламентарни избори кои минатата сабота беа ненадејно одложени, на само неколку часа од отворањето на избирачките места.

– Сакам да ве уверам дека изборите ќе бидат одржани в сабота, изјави синоќа претседателот на Комисијата Махмуд Јакубу и додаде дека нема да има повторно одложување. Сепак тој призна дека засега само 19 од вкупно 36 сојузни држави во Нигерија го добиле изборниот материјал.

Претседателските избори во 2011 и 2015 година исто така беа одложени поради логистички и безбедносни проблеми.

Во претседателската трка учествуваат 72 кандидати, а главни фаворити се актуелниот претседател Махмаду Бухари и главниот опозициски кандидат, бизнисмен и поранешен потпретседател Атику Абубкар.

Нигерија, која е најголема економија во Африка, најголем произведувач на нафта и најмногубројна држава на континентот, во 1999 година имаше демократска транзиција после децении воена диктатура. Бухари, тогаш генерал, владееше во 1983 година, првпат по државниот удар. Медиумите го опишуваат како чесен политичар, но бескомпромисен и тежок за разговори.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО Поплавите уништија нигериски град, на улиците „врие“ од крокодили и змии

Се урна училиште во Нигерија – загинаа 22 ученици, 150 се заглавени под урнатините

A1on

Најмалку 18 луѓе загинаа во бомбашки напад во Нигерија

Повеќе од 100 гости на свадбата се удавија во Нигерија кога нивниот брод се преврте

Најмалку 54 лица загинаа во експлозија на бомба во централна Нигерија

ВИДЕО: Свештеник жив запален во Нигерија

А1он