Македонските војници ќе можат да вежбаат на полигоните во Бугарија

Од:

Војниците на АРМ и цивилните служби на Министерството за одбрана на Северна Македонија ќе можат да ги користат воените полигони во Бугарија.

Како што пишуваат бугарските медиуми, договорот за соработка го потпишале заменик-министерот за одбрана Анатолиј Величков и државниот секретар на Министерството за одбрана на Северна Македонија Драган Николиќ.

На средбата Величков и Николиќ разговарале за прашања поврзани со воено-техничката соработка и за стратегискиот преглед на одбраната во Северна Македонија. Соговорниците ја разгледале можноста за формирање на билатерална комисија за истражување на воени споменици и гробишта на територијата на Република Северна Македонија.

Од бугарското Министерство за одбрана била изразена и подготвеност за обука на воени лекари од Северна Македонија во рамките на курс во Военомедицинската академија.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он