ВИДЕО: Лејкерси со импресивен пресврт до победа против Хјустон

Од:

Леброн Џејмс беше во основата на импресивниот пресврт кој Лос Анџелес Лејкерс го остварија, откако стигнаа заостанување од 19 поени во домашниот меч против Хјустон. „Кралот“ и неговите соиграчи губеа со голема разлика во средината на третиот период, но успеаја да стигнат до краен успех со 111:106.

„Езерџиите“ го бркаа резултатот во поголемиот дел од дуелот во „Стејплс Центар“, а осум минути пред финалната сирена заостануваа со седум разлика (88:95), но осумте поени на Џејмс, дел од серијата од 17:4, ја запалија искрата и така дојдоа до триумф. Четири минути пред крајот, Лејкерси веќе беа во предност со 99:97, а малку подоцна предноста на тимот од Калифорнија достигна осум поени. На крајот, играчите на Лук Волтон победија со 111:106.

По шести пат во сезоната, Лејкерс се враќаат и освојуваат натпревар по заостанување од 15 или повеќе поени.

Џејмс постигна 29 поени, кон кои додаде 11 скока, 6 асистенции, 1 одземена топка и 1 чадор при шут од игра 11/19. Брендон Инграм направи „дабл-дабл“ од 27 поени и 13 скока, Кајл Кузма беше трет најдобар реализатор со 18 поени, а Реџи Булок со 14 и ЏаВеил МекГи со 11,го додаваат списокот со играчи со двоцифрен број поени од стартната петорка.

Џејмс Харден заврши со 30 поени и 8 грешки, откако го напушти теренот поради лични грешки, но веќе бележи 30 или повеќе поени во 32 последователни натпревари и оваа серија го става на второ место на вечната листа, а повеќе од него има само Вилт Чембрлен (65 последователни натпревари .

Резултати од НБА:

Кливленд – Феникс 111:98
Филаделфија – Мајами 106:102
Бруклин – Портланд 99:113
Милвоки – Бостон 98:97
Голден Стејт – Сакраменто 125:123
Лос Анџелес Лејкерс – Хјустон 111:106.

Пласман по дивизии:

Источна конференција:

Атлантската дивизија: Торонто 43 победи / 16 порази, Филаделфија 38/21, Бостон 37/22
Централна дивизија: Милвоки 44/14, Индијана 38/20, Детроит 26/30
Југоисточна дивизија: Шарлот 27/30, Орландо 27/32, Мајами 26/31

Западна конференција:

Северозападната дивизија: Денвер 39/18, Оклахома 37/20, Портланд 35/23
Пацифик дивизија: Голден Стејт 42/16, Лос Анџелес Клиперс 32/27, Сакраменто 30/28
Југозападен дивизија: Хјустон 33/25, Сан Антонио 33/26, Далас 26/31.

Би можело да ве интересира

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он