СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: Ако сте загрижени, повлечете ги роднините што вие ги вработивте

Од:

Владејачкиот СДСМ вели дека ВМРО-ДПМНЕ донела пандемија на непотизам и прашува дали Мицкоски ќе даде отказ од Машинскиот факултет затоа што бил асистент кај својот татко.

Реагирајќи по прес-конференцијата на опозицијата, СДСМ возвраќа дека пандемија на непотизам било 11-годишното криминално и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ кога државните институции биле претворени во партиски агенции за вработување роднини, пријатели и сопартијци.

Владејачката партија порача – ако ВМРО-ДПМНЕ е навистина загрижена за јавната администрација, да побара од своите сопартијци да ги повлечат своите роднини од позициите што им ги обезбедила за време на 11-годишното владеење.

„ВМРО-ДПМНЕ е симбол на непотизам, а меѓу илјадниците примери, најкарактеристичен е примерот на Христијан Мицкоски, кој од многубројни професори на Машинскиот факултет, станал асистент кај сопствениот татко, со кого и заедно пишувале книги и учебници. Привилегии, партизација, непотизам, не се и нема да бидат вредност на СДСМ Почната е постапка на анализа на вработувања на лица блиски до функционери, почната е и истрага од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата“, наведе СДСМ во реакцијата.

Во меѓувреме, додава СДСМ, веќе се преземени морални чекори, имаше неколку повлекувања од работни позиции поради морални причини, без разлика што процесот на вработување бил транспарентен и законски, а лицата целосно ги исполнувале критериумите.

Би можело да ве интересира

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната