ФАО: Африканската свинска чума е сериозна закана за балканските земји

Од:

Појавата на африканска свинска куга во Бугарија, Унгарија и Романија оваа година претставува сериозна и директна закана за балканските земји, кои никогаш не биле изложени на таа болест, порачуваат од Организацијата за храна и земјоделство при ОН (ФАО).

– Балканот никогаш не бил изложен на африканската свонска чума, што значи дека владите, фармерите и ловците имаат малку информации и техничко знаење за таа болест, изјави Даниела Манѓоне од ФАО.

Таа болест во последните години постепено се прошири, поради што е неопходно намалување на ризикот од упад на диви свињи, но и подобри подготовки за брзо откривање и контрола на африканската свинска чума во балканските земји, наведува ФАО.

За таа цел ФАО организираше четиридневна работилница во Белград, која заврши денеска, а на која учествуваа меѓународни експерти и претставници на ветеринарни и шумски агенции од Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Хрватска, Унгарија и Романија, пренесува Танјуг. На собирот имаше и претставници на ловечки здруженија и невладини организации.

– Вирусот може брзо да се шири поради релативно густата популација на диви свињи. Поголема свест, подобра биолошка безбедност и подготвеност се од клучно значење за спречување на навлегувањето на оваа болест во регионот и минимизирање на нејзините негативни влијанија на животот во руралните подрачја, изјави Даниел Белтран-Алкрудо од ФАО.

Африканската свинска чума е вирусна хеморагиска болест, која убива и до 100 отсто од заразените животни, како домашни, така и диви свињи. Не претставува никаков ризик за човековото здравје, но има потенцијал да го уништи животот во руралните подрачја и да ја загрози безбедноста на храната и трговијата во погодените региони.

Би можело да ве интересира

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Катерина Ѓуровски

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ