Митрески: Заради теснопартиски интереси, ВМРО-ДПМНЕ застана против реформите и напредокот

Од:

„Неодговорно и спротивно на интересите на државата е ВМРО-ДПМНЕ да застане против реформите кои што се од искличително значење за напредокот и почетокот на преговорите со Европската унија.

Станува збор за системски законски решенија кои што се целосно усогласени и во нив се имплементирани дел од забелешките на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Одговорноста за напредокот на нашата држава е заедничка.

Ги повикувам пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да работат за доброто на сите граѓаните, а не да штитат тесно партиски интереси.

Одговорност за настаните на 27 април мора да има во транспарентна судска постапка.

Ние како Собрание сме должни да расправаме и да одлучуваме за барањата на Судот.

Граѓаните се еднакви пред законот и во интерес на сите е да се овозможат услови во јавна и транспарентна постапка да се проверат сите сомнежи.

Времето на мешање во судските процеси, во работата на обвинителството заврши“, изјави Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Клековски и Мицкоски не менаџираат со здравствената кризи

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

СДСМ: Мицкоски е уплашен од незадоволство на лозарите – во полиција е повикан наш советник за објава на Фејсбук

(ВИДЕО) Цветановски: Мицкоски призна дека ја носи Македонија кон 12 милијарди евра долг

СДСМ: Се зголеми бројот на заболени од западнонилска треска – 56 случаи, 7 починати

Горан Наумовски

Мицкоски: СДСМ покажа непознавање за економијата – освен арамилук друго не им е во политичката матрица

А1он