А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Притвор за скопјанец поради напад врз полициска службеничка при вршење работи на безбедноста

by А1он21/02/2019 - 14:38249
Share0

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице кое се товари за кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Следете a1on на Instagram Instagram

Обвинетиот 25-годишен жител на Скопје, на 13.02.2019 година, во подземна гаража на улица „Анкарска“, нападнал и телесно повредил едно овластено службено лице – униформирана полициска службеничка. Оштетената со уште тројца колеги, униформирани полициски службеници од Полициска станица од општа надлежност Карпош, пристапиле кон проверки на оштетено патничко моторно возило Цитроен Ц3 паркирано во гаражата. Во тој момент од совозачката врата на возилото излегол обвинетиот. Му било наредено на застане, но се обидел да избега, а оштетената за да го задржи го фатила со двете раце за нозете во делот на потколениците. Притоа, тој почнал да ја удира со нозете во пределот на главата и лицето и да ја влече по асфалтот, нанесувајќи и телесни повреди во вид на потрес, отворена рана на главата и нагмечување на главата.

Ценејќи дека се уште се исполнети законските основи заради кои на обвинетиот веќе му е определена мерка притвор, надлежниот јавен обвинител заедно со Обвинителниот предлог до судот достави и предлог за продолжување на притворот.

mvrojopritvor

Би можело да ве интересира

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн, информира МВР

Катерина Ѓуровски24/08/2026 - 09:38

И полски државјанин заврши со лисици на рацете на „Табановце“ – возел двојно побрзо од дозволеното

А1он23/08/2026 - 13:3923/08/2026 - 13:26

Уапсени се 11 возачи за безобѕирно возење

А1он21/08/2026 - 16:37

МВР со предупредување: Дроновите да се приземјат веднаш при појава на полициски хеликоптер

Горан Наумовски21/08/2026 - 11:1621/08/2026 - 11:17

Нови седум осомничени за транспортот на марихуана од Македонија во Србија

А1он17/08/2026 - 18:05

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

Предраг Петровиќ06/08/2026 - 18:11
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео